ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ПОВРЕДЕНИТЕ За посмртните останки се подготвува акциски план

Владата ги презема сите трошоци за транспортот и за погребот на жртвите, извести министерот Бујар Османи.

262

Повредените во автобуската несреќа се во добра и стабилна здравствена состојба. Првите двајца ќе бидат пуштени утре, на 27 ноември, други двајца на 28 ноември, уште двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За преносот на посмртните останки, акциски план ќе треба да подготви работната група што ја формира Владата и на чие чело е токму Османи.






– Владата ги презема сите трошоци за транспортот и за погребот на жртвите. Нашите очекувања се тоа да се случи наредната недела, штом заврши идентификацијата, во вторник или во среда можеби – рече Османи, на прес-конферебција во Владата, најавувајќи наскоро информација за точниот датум и за движењето на преносот на посмртните останки.

На прес-конференцијата во Владата се и министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски.

Поврзани содржини