Од утре се аплицира за субвенции за вграден плински уред во автомобилите
Огласот трае 60 дена од денот на објавување, а субвенциите ќе се даваат по принципот прв дојден прв услужен.
Граѓаните од утре ќе можат да аплицираат за субвенции за вградување на уред на плин и да повратат половина од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари. Министерството за економија утре ќе го објави повикот за аплицирање, а за мерка од Буџетот на Министерството се издвоени 11 милиони денари.
Субвенции ќе добијат сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно кои ќе вградат плински уред и ќе достават соодветна документација, барање, фискална сметка, копија од сообраќајна дозвола и лична карта, како и број на трансакциска сметка.
Огласот трае 60 дена од денот на објавување, а субвенциите ќе се даваат по принципот прв дојден прв услужен.
Ова мерка, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши се реализраше во 2019 година кога над 730 граѓани добија субвенции за вградување на плински уред. Лани мерката беше прекината поради ковид кризата.