Од утре поригорозни мерки во Москва: Општа самоизолација на сите, излез само во посебни случаи

Миленичињата можат да се шетаат само до 100 метри од местото на живеење, како и изнесувањето на сметот.

1,292

Општ режим на самоизолација, без оглед на возраста, се воведува утре во Москва, без влез и излез од градот.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска најави дека граѓаните ќе можат да ги напуштат своите станови само во случај на брза помош, да одат работа доколку има работни обврски, да купуваат во блиска продавница или аптека.






Миленичињата можат да се шетаат само до 100 метри од местото на живеење, како и изнесувањето на сметот.

Тој најави дека граѓаните на кои им е потребно ќе добијат специјални пропусници за да се движат низ градот, во кој повеќе од илјада луѓе се разболеле од коронавирусот, а шестмина починале.

За време на викендот, Собјанин ги повика граѓаните да не излегуваат надвор, но многумина шетаа низ градот, седеа по кафулиња и имаа пикник во околината на градот.

Во борбата против ширењето на вирусот во Русија, следната недела беше прогласена за неработна.

Во Русија досега се пријавени повеќе од 1.500 случаи на заболени од коронавирусот, а осум лица починаа.

Поврзани содржини