Oд утре полициски час од 20 часот, угостителите под клуч 14 дена?
Владата за во 13 часот свика итна седница на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.
Поради сериозната состојба со коронавирусот во Македонија од утре се очекува воведување на нови рестриктивни мерки.
Според неофицијални информации до владата е предложено зголемување на полицискиот час, па така наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.
Исто такак како следна мерка која од утре би требало да стапи на сила е затворањето на угостителските објекти на две недели.
Владата за во 13 часот свика итна седница на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.
Веднаш по завршувањето на седницата, поточно е закажана прес-конференција на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, како и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.