Од утре Џонсон се враќа на работа
Тој закрепнува од коронавирусот во неговата резиденција надвор од градот, откако помина три ноќи на интензивна нега.
Портпаролот на Даунинг стрит потврди дека британскиот премиер Борис Џонсон од утре се враќа на работа.
Тој закрепнува од коронавирусот во неговата резиденција надвор од градот, откако помина три ноќи на интензивна нега.
Британскиот премиер беше пуштен од болницата „Св. Томас“ во Лондон на 12 април, каде беше примен на 5 април, откако беше откриено дека е заразен со ковид-19.
Џонсон првично имаше поблаги симптоми на болеста, но неговата состојба се влоши во болницата и тој помина три дена на интензивна нега.