ОД УТРЕ ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВРАЌА ЕВТИНАТА СТРУЈА Ќе треба еден месец за да се подесат сите броила

Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа. Група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто, вели Бислимоски.

721

Од утре од 13.00 до 15.00 часот, официјално, домаќинствата ќе можат да ја користат дневната евтина тарифа за електрична енергија, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вечерва во гостување на ТВ Стар.

– Од утре официјално се враќа евтината тарифа за домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно, тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа – рече Бислимовски.






Првиот човек на РКЕ објасни дека цената во текот на денот од март до октомври во тој период е за два до три пати пониска, отколку кога ќе се затемни, со што и ЕСМ и ЕВН ќе се стимулираат да купуваат струја во тие термини од слободниот пазар.

– Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто, додаде тој.

 

Поврзани содржини