ОД УТРЕ НОВИ МЕРКИ ВО ГРЦИЈА Туристите ќе се тестираат два пати

По Нова година, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика.

768

Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре стапуваат во сила во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, соопштувајќи ги одлуките на Владата рече дека мерките се во две фази, првата е од утре, а втората од 3 јануари 2022 годинa, но за кои дополнително ќе одржи состанок надлежната комисија на епидемиолози.






Во втората фаза, по Нова година, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика.

Плеврис рече дека во секој случај, новите мерки нема да упатуваат на евентуален локдаун и целосен карантин, нема да се воведе задолжително праќање смс за секое излегување од дома, а волјата на Владата е да не се затворат училиштата.

Вчера комисијата на епидемиолози одржа состанок и излезе со конкретни препораки, кои Владата ги прифати, додека пак во понеделник, на 27 декември одново ќе заседава, за да ги разгледа новите податоци и да ги прецизира мерките за после Нова година.

Поврзани содржини