Од утре може да се вакцинирате и без закажан термин

Министерството здравство информира дека од утре стартува и теренската вакцинација.

1,105

Процесот на вакцинација против коронавирусот се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 години. За нив е обезбедена вакцина Фајзер.

Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи.






„Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот“, соопшти Министерството за здравство.

За вакцинација е потребен само документ за лична идентификација, со кои здравствените работници секој вакциниран го евидентираатво ситемот Мој Термин.

Министерството за здравство информира и дека  од утре стартува и теренската вакцинација на населението преку мобилни пунктови, односно секој кој сака да се вакцинира ќе може тоа да го направи без закажан термин.

„Процесот  за теренска вакцинација  е организиран, здавствените домови од секој град,  во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локани медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот, во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација“, информираат од Здравство.

Паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk.

Досега вкупно се аплицирани 662 372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245 231 граѓани. Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 54 проценти од населението над 70 години, 52 проценти над 65 години, 47 проценти над 60 години, како и 39 проценти од населението над 50 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 783. Бројката на оздравени пациенти е 150 124, на починати 5 487. Активни се 172 случаи.

 

Поврзани содржини