Од утре мобилните тимови од дома ќе ги тестираат повозрасните граѓани во Скопје, а до крајот на неделатa и во другите градови ќе почне земањето брисеви од дома – најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Во следните денови за две третини ќе се зголемат капацитетите за тестирање на граѓаните за новиот вирус, бидејќи граѓаните ќе може да се тестираат и во приватните болици, како и со тестови од донации.
– Важно е мобилните тимови во Скопје ќе бидат поддршка за постојните пунктови за тестирање, и тоа за највозрасните, за тие кои се се во најризичната група да седат дома и во тие домашни услови да им се земе материјал з анализа. Смета, дека бројката на тестови во Институтот за јавно здравје и во приватните болници, и од донаците се сосема доволни за нашите потреби. А тестирањето се врши врз основа на алгоритмот и добро се следат случаите – одговори Филипче и повтори дека се тестира пациент кој има симптоми и се следат неговите контакти.
.