ОД УТРЕ КАТАСТАРОТ ЈАВНО ЌЕ ОДГОВАРА НА ПРАШАЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ Почнува кампањата „Катастарот до тебе“

 Кампањата стартува од општина Аеродром, а ќе се реализира во сите општини.

170

Секој граѓанин кој има прашања од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата за катастар на недвижности и во директен разговор со нив да добие објаснување, во рамки на кампањата „Катастарот до тебе“, што стартува од утре.

Првата промоција ќе се одржи утре од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.






– Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата- велат од Катастарот.

За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Во рамките на кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата.

Поврзани содржини