Oд утре ќе се одржуваат сите закажани судења

233

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот ковид-19.

„Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот ковид-19, донесена од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е објавена на веб страната на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда“, соопшти Основниот граѓански суд Скопје. 

Поврзани содржини