Од утре до недела ќе се собира стар мебел и шпорети во Аеродром

328

Почнувајќи од утре  па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад и тоа на локациит на бул. „Февруарски поход“ во близина на супермаркетот „Рамстор“, во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 и  кај стара Стела во Аеродром, информира Општина Аеродром.

– Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут. Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период. Фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон – велат од Општината..

 

Поврзани содржини