ОД ТУТУНОТ И ОД ПИПЕРКИТЕ НИШТО НЕ ОСТАНА Силното невреме направи пустош во прилепско
Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од Комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие - подрачното одделение во Прилеп, заедно со Комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.
Вчерашното силно невреме со врнежи од град што го зафати Прилеп и околината предизвика голема штета на земјоделските површини и култури.
Како што известуваат од ЦУК, најмногу врнежи од град со големина на лешник имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.
Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од Комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – подрачното одделение во Прилеп, заедно со Комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.
📸ГРАД КОЛКУ ОРЕВ ПАЃА ВО ПРИЛЕП Возилата се приморани да застанат и да се засолнат