Претседателската канидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ја нарече Струмица феудална енклава од каде ќе тргнел политичкиот вулкан во остар напад против Зоран Заев.
– Во Струмица се чувствувам особено добро бидејќи знам дека оттука ќе тргне тој политички вулкан што ќе стави крај на последната феудална енклава во Македонија. Таа енклава ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне! Замислете, заколнати самонаречени Европејци дека со рефудализација ќе стигнат во ЕУ“.
Во синоќешниот митинг таа се осврна и на претходно снимената дебата на ТВ21 со Стево Пендаровски што се емитуваше синоќа, нарекувајќи го актуелниот претседател „давеник за сламка“.
– Денеска во една чудна дебата, квази дебата на давеник што се фаќа за сламка, бев прашана како може да не го употребувам името „северна“, сум го кршела Уставот. Му објаснив дека правото на самоопределување е колективно право и дека Македонија истото го искористи уште на АСНОМ. Но и дека секој од нас има право на индивидуално самоопределување и дека никој, никогаш ниту мене, ниту вам не може да ни забрани да го употребуваме името Македонија – рече Силјановска пред струмичани.