ОД ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ ДО ТАТКО НА ПОРОДИЛНО Татковците некогаш и сега
Кои се предизвиците на современото родителство и како се менува улогата на таткото во воспитувањето на децата низ годините?
Нашите деца растат во свет кој е многу различен од оној во кој сме пораснале. Луѓето често укажуваат на модерната технологија и социјалните мрежи и разговараат за тоа како се променило детството за само една генерација, но забораваат дека постои важен човечки фактор кој го променил начинот на кој децата го доживуваат светот.
Татковство
Истражувањата покажуваат дека денешните татковци се вклучени во родителството повеќе од кога било досега, а тоа во голема мера го менува начинот на кој децата го гледаат светот и себеси. Денешните татковци не бегаат од менување пелени, капење, играње или носење деца во парк.
Татковците сакаат да бидат рамноправни родители
Современите татковци сериозно го сфаќаат родителството, поминувајќи три пати повеќе време со своите деца отколку мажите пред две генерации. Не толку одамна, во 1982 година, неверојатни 43% од татковците признале дека никогаш не им ги менувале пелените на децата. Денес таа бројка е намалена на околу 3%, и тоа е одлично, бидејќи истражувањата покажуваат дека кога татковците облекуваат, менуваат пелени и ги капат бебињата, односот татко-дете станува сè поцврст.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.