ОД СТАКЛЕН КАФЕЗ ГО ВРАЧИ МАНДАТОТ Чешкиот претседател позитивен на ковид ама неуморно работи

Земан, кој со недели беше во болница поради болест која нема никаква врска со ковид, минатата недела беше тестиран за корона вирус и резултатот е позитивен.

428

Чешкиот претседател Милош Земан, вчера го назначи Петар Фиала за нов премиер, а во оваа протоколарна вест најмногу внимание предизвика начинот на кој тоа се изведе. Имено, Земан е позитивен на вирусот ковид-19 и за време на именувањето бил изолиран во стаклена кутија и седнат на количка, во која го донеле здравствени работници облечени во целосна заштитна опрема.

Земан, кој со недели беше во болница поради болест која нема никаква врска со ковид, минатата недела беше тестиран за корона вирус и резултатот е позитивен.






По изборите во Чешка, Земан заврши во болница и таму помина повеќе од шест недели. Медиумите пишуваа дека тој се лекувал и на одделението за интензивна нега поради проблеми со црниот дроб и други посериозни здравствени проблеми. Тој беше пуштен од болница во саботата бидејќи немал никакви симптоми на корона вирус, но условот бил да остане во карантин. Земан (77) три пати бил вакциниран против ковид-19.

Поврзани содржини