Од среда да се укине полицискиот час, предложи Комисијата за заразни болести

436

Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок и предложила олабавување на мерките, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 проценти од објектот и не повеќе од 1000 лица“, напиша Филипче на Фејсбук.

Поврзани содржини