Од сообраќај исклучени 15 автобуси, возеле со неисправни кочници и волани ВИДЕО

534

Министерството за внатрешни работи вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје  санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци – велат од МВР и додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и денеска.






Поврзани содржини