ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ПОЕВТИН РОАМИНГ СО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ Од 2027 година нема да се плаќа роаминг тарифа

Овој договор гарантира дека по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

474

Од следанта година земјава, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската унија. Денеска во Тирана во рамки на Самитот ЕУ – Западен Балкан беше потпишан договор на телекомуникациските оператори кој ја обезбедува оваа поволност за граѓаните.

Како што информираа од владата, со Договорот се предвидува до 2027 година да се укинат роаминг тарифите, односно за секој разговор да се плаќа националната цена.






Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу, по долги преговори постигнаа договор со телекомуникациските оператори од Европа и Балканот за намалување на роаминг тарифите.

Поврзани содржини