ОД СКОПЈЕ ДО СОЛУН ПО БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ПАТУВА 1 ЧАС И 20 МИНУТИ Карго возовите ќе се движат со 120 километри на час
Вицепремиерот информираше дека грчките власите се согласни, следната година да почнат да градат двоколосечна пруга по примерот на Македонија од Солун до Гевгелија, а директорите на железничките претпријатија на двете земји веќе ги усогласуваат техничките детали.
Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, изјави вицепремиерот и министерот за транспорт о врски, Александар Николоски.
– Брзата пруга колку што е бенефит за Македонија, многу повеќе е од бенефит за Грција, особено што целосно ќе ги отвори пред се солунското и атинското пристаниште кон Централна Европа. Изградба на брза пруга на која што карго возовите ќе возат со 120км/ч, во само првата година откако ќе се изгради од сегашни 12 милиони евра колку што имаат приход двете железнички македонски претпријатија, ќе оди на 120 милиони. Истото ќе важи и за грчките пристаништа, што целосно ќе ја промени економијата во целиот овој регион – рече Николоски.
Вицепремиерот информираше дека грчките власите се согласни, следната година да почнат да градат двоколосечна пруга по примерот на Македонија од Солун до Гевгелија, а директорите на железничките претпријатија на двете земји веќе ги усогласуваат техничките детали.
-Тоа ќе значи дека од Скопје до Солун ќе се патува за 1 час и 20 минути, а до Атина за не повеќе од 4 часа и мислам дека тоа целосно ќе го смени начинот на живот на овој дел од Европа. Така што брзата пруга ќе стане најзначаен економски-инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа – вели Николоски.