ОД „ШЉОХА“ МЕЃУ МРЕЖИТЕ, ДО РАКУВАЊЕ Рибакина и Остапенко ја изненадија публиката на Ролан Гарос
Тензиите меѓу Казахстанката и Остапенко траат уште од 2023 година, кога во Рим имаа жестока пресметка. Тогаш разменуваа навреди на мрежата, а Остапенко наводно ѝ дофрли на Рибакина да не се однесува како „шљоха“, во превод „курва“. Инцидентот кулминираше со ладно ракување и игнорирање на натпреварите потоа.
По години студена војна и шепотени навреди меѓу мрежите, двете тенисерки што некогаш не си подаваа ни поглед, сега си подадоа рака — Рибакина ја победи Остапенко, но главната победа беше една обична, но тешка дланка на мрежата.
Рибакина со 2:0 славеше против Летонката во третото коло од Грен слемот во Париз, но вистинската вест дојде по завршувањето на мечот.
Тензиите меѓу Казахстанката и Остапенко траат уште од 2023 година, кога во Рим имаа жестока пресметка. Тогаш разменуваа навреди на мрежата, а Остапенко наводно ѝ дофрли на Рибакина да не се однесува како „шљоха“, во превод „курва“. Инцидентот кулминираше со ладно ракување и игнорирање на натпреварите потоа.
На Ролан Гарос, меѓутоа, гледачите беа сведоци на целосно поинакво сценарио. Иако Рибакина уште еднаш ја победи Остапенко без загубен сет, овојпат двете пријателски се поздравија на мрежата.
Гестот веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи, каде многумина го поздравија помирувањето, но и се потсетија на конфликтот кој до неодамна изгледаше како непомирлив.