Од сабота пациенти со ковид ќе се примаат на Гастро и на Нефрологија
Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка.
До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во Скопје. Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има, соопшти Министерството за здравство.