ОД РОДИЛИШТЕ ВО УЧИЛИШТЕ Во Србија се роди бебе тешко 6,5 килограми

Знаевме дека е големо бебе, но не знаевме дека е толку големо. Очекувавме да тежи преку 4 килограми, но не изненади кога се роди – изјави мајката на бебе џин.

1,282

Сузана Кучина од Горњи Милановац во Србија, во саботата го роди синот Павле, бебето кое ги урна рекордите. Малиот Павле се роди со 6,5 килограми и 68 сантиметри, па нејзините сограѓани се пошегуваа дека среќната мајка може детето од родилиште да го носи директно во училиште.

Бебето кое собори рекорд ги изненади мајката, лекарите и сограѓаните кои не паметат дека се родило вакво големо бебе.






– Знаевме дека е големо бебе, но не знаевме дека е толку големо. Очекувавме да тежи преку 4 килограми, но не изненади кога се роди – изјави мајката на Павле за српските медиуми.

Доктор Драган Перишиќ ја водел бременоста на Сузана и го извршил породувањето кое, како што вели, поминало без компликации

– Бебето се роди со тежина од 6,5 килограми, должината на бебето е 68 сантиметри, а обемот на главата е 38 – појасни гинекологот што го извршил породувањето.

 

Поврзани содржини