ОД РЕКТУМОТ МУ ИЗВАДИЛЕ ГРАНАТА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Дедо побарал помош при што настанала паника, болницата во Тулон била евакуирана! (ФОТО)
Јаболко, манго или дури и крем за бричење, многу пати веќе имаме најдено необични предмети каде што не треба. Но граната? Оваа уште не, рекол еден од лекарите, пренесуваат француските медиуми.
Докторите гледаат многу чудни работи додека се на работа, но одвреме-навреме наидуваат на навистина необичен случај. Така беше и со неодамнешниот инцидент во една француска болница, кога дури мораа да ја евакуираат брзата помош поради опасен предмет пронајден кај пациент. Тие всушност од постариот господин извадиле граната од времето на Првата светска војна.
Во саботата вечерта околу 21 часот, 88-годишен граѓанин дошол да побара помош во болницата Сент Мус во Тулон. За време на приемот, лекарите откриле дека во неговиот ректум била заглавена артилериска граната од Првата светска војна. Управата на болницата веднаш наредила евакуација на одделението за итни случаи на болницата, а сите итни пациенти биле пренасочени на друго место.
– Моравме да ги преземеме сите мерки на претпазливост – велат од болницата. Биле повикани и припадници на полицијата од единицата за експлозиви, кои по прегледот на мажот заклучиле дека нема голема веројатност во човекот да експлодирала стара експлозивна направа.
– Нѐ уверија дека се работи за колекционерски предмет од Првата светска војна, кој своевремено го користела француската армија – соопштија од болницата.
– Јаболко, манго или дури и крем за бричење, многу пати веќе имаме најдено необични предмети каде што не треба. Но граната? Оваа уште не – рекол еден од лекарите, пренесуваат француските медиуми.
Лекарите извршиле операција низ абдоминалната празнина за да го извадат металниот предмет на пациентот, чија должина изнесувала дури 20 сантиметри и ширина од пет сантиметри. Како се заглавила гранатата во ректумот е оставено на имагинацијата… Од болницата рекоа само дека пациентот сега е добро и дека очекуваат целосно да закрепне по операцијата.
An 88-year-old Frenchman presented at Toulon A&E yesterday with a First World War shell shoved up his arse. Bomb disposal were called to make it safe. The hospital was evacuated. I wish this was a joke. pic.twitter.com/IS2u9kUqBO
— A common lawyer (@acommonlawyer) December 20, 2022