ОД РЕКЛА-КАЗАЛА ДО ОТКРИВАЊЕ ДРЖАВНИ ПОЗИЦИИ Ако Пендаровски не ѝ помага на Македонија, нека не ѝ одмага, предупредува ВМРО-ДПМНЕ!

Не само што се занимава со озборување, Пендаровски од СДСМ влезе и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика и говореше како разбрал од дипломати што се зборувало со владини претставници нешто што е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски влезе и во сферата на откривање на државни позиции, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

423

СДСМ си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски од СДСМ, а воедно и поранешен претседател на државата предложен од СДСМ, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека се сврте заедно со СДСМ против стратешкиот партнер на Македонија, САД“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Ова говори дека СДСМ и на планот на меѓународната политика лажеле дека САД е стратешки партнер или дека сега целосно забегале, се додава во соопштението.

„Стево Пендаровски уште еднаш ѝ покажа на јавноста дека е само аналитичар, поточно импровизатор и оговарач. Ни помалку ни повеќе, во своето појавување во јавноста по 10 месеци откако беше сменет од граѓаните, почна да раскажува приказни и да оговара, односно што би рекол народот, да се занимава со рекла-кажала муабети. И не само што се занимава со озборување, тој влезе и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика. Па така, Пендаровски од СДСМ говореше како разбрал за време на средби со дипломати што се зборувало со владини претставници нешто што е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски од СДСМ влезе и во сферата на откривање на државни позиции“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како неговата СДСМ, се додава во соопштението, и Пендаровски треба да се освести и како поранешен претседател да престане да се однесува како личност која анализира и оговара.

„Ако СДСМ и Пендаровски не ѝ помагаат на Македонија, барем нека не ѝ одмагаат!“, повикува владејачкаа ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со почит,

 

Поврзани содржини