📷ОД ПОЖАРОТ СЕ СОЗДАДЕ НАДРЕАЛНА ГЛЕТКА НА ОСТРОВОТ ТАСОС, ТУРИСТИТЕ ВО ШОК Сонцето одеднаш стана црвено
На плажата на едно од најпопуларните летувалишта во Грција, на островот Тасос во северниот дел на Егејското Море се чувствува мирис на чад, крпите се бели од пепелта која пристигнала носена од ветрот од далечина, а чадот се чувствува и во водата.
Големи пожари беснеат во различни региони на Грција, а последиците од огнената стихија се видливи на стотици километри.
На плажата на едно од најпопуларните летувалишта во Грција, на островот Тасос во северниот дел на Егејското Море се чувствува мирис на чад, крпите се бели од пепелта која пристигнала носена од ветрот од далечина, а чадот се чувствува и во водата.

Туристите утрово забележале неверојатна глетка кога облак чад го покрил Сонцето, а тоа наеднаш стана црвено.
Главните фронтови каде грчките пожарникари се борат со пламените јазици се во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата, а веќе петти ден се прават напори да го запрат пожарот во околината на градот Александрополис, кој се наоѓа на северо-источниот дел на Грција, во близина на границата со Турција.
Овој пожар е видлив и од островот Тасос, кој е оддалечен преку 150 километри по море.