ОД ПОШТА ДИРЕКТНО НА ПСИХИЈАТРИЈА 46-годишен маж кршел и тепал низ Росоман

По приведувањето, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци, соопшти Самарџиев.

602

Во Росоман вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.Ж.(46), затоа што околу 11.30 часот со употреба на сила и остар предмет, го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман. За ова денеска информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, се здобил М.К.(74) од Кавадарци, кој бил во поштата. Според пријавеното, после тоа тој излегол од поштата и пред продажен објект во Росоман, физички нападнал 51-годишна жена од Росоман – изјави Самарџиев.






По приведувањето, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци, соопшти Самарџиев.

Поврзани содржини