Изборната комисија на Град Скопје денеска на Данела Арсовска, која победи на локалните избори, и го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје.
Во понеделник, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат кога свечено ќе биде извршено примопредавањето.
Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7.915 гласови, а во вториот круг, го победи противкандидатот од СДСМ, Петре Шилегов со 28.130 гласа.
Арсовска е прва жена градоначалник на Град Скопје од независноста на државата.