Од понеделник до петок ќе се прска против комарци

285

Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, ќе почне на 08.06.2020 година (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден, информира Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.






Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Поврзани содржини