„ОД ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА, А НЕ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ“ Цаци објасни зошто Зечевиќ бил на промоцијата на Данела
Мислам дека кој било претставник на партија треба да удостои формирање на политичка партија, доколку принципите на формирањето на таа партија, се разбира, се демократски - рече министерката Славјанка Петровска.
Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ беше на промоцијата на Данела Арсовска за претседател на партијата Нова алтернатива од политичка култура, а не затоа што СДСМ има намера да коалиција со таа партија, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска пред учеството на трибината на Сојузот на борци по повод 80 години од ослободувањето на државата.
– Тоа е одлука на партијата и партијата ако добила покана мислам дека кој било претставник на партија треба да удостои формирање на политичка партија, доколку принципите на формирањето на таа партија, се разбира, се демократски и она што сите ние го споделуваме – европските вредности за државата, напредокот на државата. Едноставно, тоа е дел од политичката култура – рече Петриовска.
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вчера присустуваше на промоцијата на скопската градоначалничка Данела Арсовска за нова лидерка на партија Нова алтернатива, чиј претходен лидер беше хирургот д-р Ѓорѓи Оровчанец.