На Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер – 15 февруари, Министерството за здравство информира дека успешноста на лекување на детските малигноми е над 80 отсто на Клиниката за детски болести.
Овој ден, секоја година се одбележува во знак на поддршка на децата со малигни заболувања, за подигнување на свесноста кај јавноста, како и за сите аспекти на нивната борба со болеста.
Во однос на инфраструктурата, комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести. Во тек е реновирање и на хемато-онколошкото одделение – вели Министерството за здравство.