Од плажа во притвор: Уапсена поради тенкото бикини (ВИДЕО)

На видеото може да се види акробатката Сем Пенда како се расправа со полицијата во врска со уредбата за бикини, за која полицијата вели дека таа ја прекршила, а исто така се гледа како полицијата ја одведува од плажата со лисици.

1,920

Видеото од апсењето на девојката поради конфликтот околу нејзиното тенко бикини стана вирално на социјалните медиуми.

На видеото може да се види акробатката Сем Пенда како се расправа со полицијата во врска со уредбата за бикини, за која полицијата вели дека таа ја прекршила, а исто така се гледа како полицијата ја одведува од плажата со лисици.






– Јас буквално го носам ова на плажа секој ден – изјави таа пред полицијата.

Со видеото што таа го објави на „Фејсбук“ и кое веднаш привлече големо внимание, таа објасни како започнало сето тоа.

– Исто така, само за да разјаснам. Жена повикала полиција заради мене и моето бикини. Така започна се. Некој одлучил дека моето тело е навредливо за неа и му покажала на своето дете дека нејзиното тело може еден ден да ја доведе до апсење – напишала таа.

Кога полицајците ја одвеле неа и нејзината пријателка од плажата и го прочитале декретот во кој се вели дека е нелегално да се појавува гола на која било јавна плажа.

– Не сум гола – се бранела девојката.

Во округот Хори, каде се наоѓа плажата, костимите за капење кои вклучуваат танги се сметаат за непристојни и се јавно забранети.

Поврзани содржини