Од петок терапија за болните на одделенијата за онкологија во Тетово, Штип и Битола
Тој информира дека е завршен инспекцискиот надзор на клиниката за онкологија каде што се регистрирани осум заболени од кои 3 лекари.
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека најдоцна до петок ќе биде готов распоредот за дисперзирано делење на терапијата за ризичните болни од Клиниката за онкологија.
– Најдоцна од петок ќе има нов распоред за дисперзирано делење на терапијата. Тоа ќе е врши во болниците во Штип, Битола и Тетово каде што има и соодветен медицински кадар кој ќе може да ги следи болните – рече Филипче.
Тој информира дека е завршен инспекцискиот надзор на клиниката за онкологија каде што се регистрирани осум заболени од кои 3 лекари. Таму, како што рече тој, направена е реорганизација и нов распоред на вработените .
Министерот рече и дека на детската клиника нема затворени оддели бидејќи има намален број на ризични пациенти.
– Нема нови позитивни пациенти од вработените освен веќе утврдените, а 26 лица се во самоизолација – рече Филипче.
Тој демантираше дека немало несоодветен третман на четиримесечното дете, бидејќи, како што рече, и тој самиот се ангажирал.
– Се се одвиве по сите протоколи – рече Филипче..