ОД ПЕТОК ПОРОЈ И МНОГУ СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР Мирен есенски ден, со повремен дожд

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.

347

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од Македонија ќе има повремен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура од 6 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална невна температура до 22 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во петок и во понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 километри на час.

Фото: УХМР

Поврзани содржини