ОД ОТПАД ДО РЕСУРС Цевки од жито, ташни од авто-индустриски отпад, велосипедски паркинг од буриња…

Во рамки на проектот за инклузивен и одржлив развој преку кружна економија, во организација на АРНО, се одржа финалниот настан на Академијата за циркуларна економија на кој беа претставени 12 многу интересни концепти за циркуларни бизниси чија цел е намалување на отпадот, повторна употреба, рециклирање и надградба

80

Во Скопје, на 25-ти јуни, во организација на АРНО, се одржа финалниот настан на Академијата за циркуларна економија, на која беа презентирани циркуларните бизнис иницијативи развиени од граѓански организации.

Во рамки на првата Академија за циркуларна економија организациите развија прототипи на 12 идеи: велосипедски паркинзи изработени од стари метални буриња и велосипедски гуми, житни цевки од био-отпад наречени „Сламенка“, украси од отпадно дрво, пелетизирана храна за животни од ливадска детелина и сено, креативна употреба на отпад од локални бизниси (сувенири, корпоративни и  персонализирани подароци), производство на течно ѓубриво од чај, градежен блок од рециклирана пластика, одржлива мода од текстилен отпад, еко-моливи и боички од отпадна хартија, био-компост од отпад од храна и онлајн продавница за циркуларни производи.
За некои од овие интересни идеи ќе можете да прочитате повеќе во иднина на нашите портали, а за финалниот настан на Академијата, прочитајте ТУКА.
Поврзани содржини