ОД ОМРАЗА УДРИЛ СО КАМЕН ВО АМБАСАДАТА Покрената постапка против 55-годишен маж, ОЈО бара притвор

Осомничениот од омраза го скршил стаклото на влезната врата на бугарската амбасада и веднаш избегал од местото на инцидентот.

1,022

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 55-годишен маж осомничен дека ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Инцидентот се случил на 11 јануари, кога осомничениот, како што информираат од Обвинителството, од омраза фрлил камен кон влезната врата на амбасадата и го скршил стаклото, по што веднаш се оддалечил од местото на настанот.






По пријавата, полицијата започнала потрага по сторителот, а случајот бил преземен од Јавното обвинителство, кое сега води постапка за кривично дело оштетување туѓи предмети.

Јавниот обвинител побарал од судот да му биде одреден притвор на осомничениот, оценувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.

Поврзани содржини