ОД НОВА ГОДИНА ДОСЕГА СМЕ СЕ ЗАДОЛЖИЛЕ ЗА 160 МИЛИОНИ ЕВРА Опозицијата бара итна расправа за економската криза

Од почетокот на 2020 година до денес дупката во буџетот изнесува повеќе од 1,6 милијарди евра, рече Пренџов и додаде дека граѓаните се соочуваат со огромни поскапувања во изминатиов период, а пред неколку дена излезе податокот дека инфлацијата само за јануари е 6,7%, во услови кога дел од производите се со замрзнати цени.

4,920

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за oбнова на Македонија бара во најбрз можен рок да се закаже јавна расправа за актуелните економски случувања и за тоа како да се премости кризата со цената на енергенсите кои влијаат на ликвидноста на компании, а со тоа и на цените на производите кои ги продаваат.

– На оваа јавна расправа мора да бидат поканети сите стопански комори во Македонија, синдикати, организации на работодавачи, академска заедница и други заинтересирани страни. Резултатот од оваа јавна расправа мора да е еден оперативен план со конкретни мерки кои треба да ги превземе власта за полесно пребродување на 2022 година – рече денеска Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.






Тој вели дека македонските граѓани се задолжени како никогаш до сега.

– Јавниот долг го надмина прагот од 60% и којзнае кога ќе се вратиме под ова ниво со оваа Влада. Буџетскиот дефицит за месец и половина е 10 милијарди денари или 160 милиони евра. Само од Нова година, за 40-тина дена сме задолжени со нови 160 милиони евра. Од почетокот на 2020 година до денес дупката во буџетот изнесува повеќе од 1,6 милијарди евра – рече Пренџов и додаде дека граѓаните се соочуваат со огромни поскапувања во изминатиов период, а пред неколку дена излезе податокот дека инфлацијата само за јануари е 6,7%, во услови кога дел од производите се со замрзнати цени.

Поврзани содржини
na