ОД НОСИТЕЛ НА ЛИСТА НА СДСМ ДО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ Белчева ќе собира потписи за Центар

Квалитетот на живот на граѓаните ќе биде појдовен принцип на дејствување на избраните советници. Најважните заложби на „Шанса за Центар" се потребите на граѓаните! Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Учество во работата на општината“, велат од иницијативата.

1,554

Јана Белчева Андреевска, која претседаваше со Советот на Центар, на овие избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар”.

На последните локални избори Белчева, како граѓанска активистка, беше носителка на советничката листа на СДСМ во Центар.






Белчева заедно со професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонтскиот факултет и Јане Димески, како потенцијални кандидати за советници, утре ќе ја претстават граѓанската иницијатива, за која велат дека произлезе од поврзување на „Здравје пред профит” со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општината.

„Главна цел на „Шанса за Центар” ќе биде општината да се развие по мерка на граѓаните, каде што политиките ќе се носат отворено и ќе бидат базирани на анализи и податоци. Квалитетот на живот на граѓаните ќе биде појдовен принцип на дејствување на избраните советници. Најважните заложби на „Шанса за Центар” се потребите на граѓаните! Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Учество во работата на општината“, велат од иницијативата.

Поврзани содржини