ОД НИГДЕ НИКАДЕ Орбан неочекувано се појави во Киев, има услов за Зеленски?

Иако прашањето за унгарското малцинство е еден од најгласните приговори на Будимпешта кога станува збор за Украина, скептиците на Орбан го обвинуваат дека го користи ова прашање како димна завеса за да го олесни промовирањето на руските ставови за конфликтот, изјави вчера неименуван извор од Будимпешта за претстојната средба.

3,055

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во вторник во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговараат за актуелните прашања од унгарско-украинските односи, изјави шефот за печат на Орбан, пишува Ројтерс.

Посетата на Орбан, отворен критичар на западната воена помош за Украина, доаѓа еден ден откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија.






„Најважната тема на разговорите е шансата да се создаде мир“, изјави шефот за печат на Орбан, Берталан Хаваси, во одговорот испратен по е-пошта, додавајќи дека двајцата лидери ќе разговараат и за унгарско-украинските билатерални односи.

Неименуван извор од Будимпешта рече дека плановите за патување биле изготвени по долготрајните преговори за правата на украинското малцинство кое зборува унгарски, кое живее на крајниот запад на Украина во близина на границата меѓу двете земји.

– Предуслов за средбата беше да се реши прашањето за националните права. Во изминатите недели беше постигнат договор. (Орбан) ќе може ова да го прогласи за успех – изјавил изворот запознаен со подготовките за посетата.

Иако прашањето за малцинството е еден од најгласните приговори на Будимпешта кога станува збор за Украина, скептиците на Орбан го обвинуваат дека го користи ова прашање како димна завеса за да го олесни промовирањето на руските ставови за конфликтот.

Орбан, најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставува на иницијативите на ЕУ за поддршка на Украина во нејзината одбрана од агресијата на Москва од инвазијата во февруари 2022 година.

Минатата година Орбан му кажа на Путин дека Унгарија никогаш не сакала да ` се спротивстави на Русија. На почетокот на 2024 година, на лидерите на ЕУ им требаа недели да го скршат ветото на унгарскиот премиер за продолжување на 50 милијарди евра (53,67 милијарди долари) нова помош за Украина.

Минатата недела ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина, давајќи ѝ на земјата политички поттик во средината на војната против Русија, иако се уште претстои долг и тежок пат пред да може да се приклучи на блокот.

 

Поврзани содржини