ОД НАЈУБАВО ДЕВОЈЧЕ НА СВЕТОТ ДО МОДНА ИКОНА Како изгледа Тилан Блондо 18 години подоцна?

За време на Неделата на модата во Париз, сега 24-годишната манекенка ги плени погледите на модната ревија на Миу Миу.

115

Тилан Блондо беше крунисана за „најубаво девојче на светот“ пред 18 години. За време на Неделата на модата во Париз, сега 24-годишната манекенка ги плени погледите во елегантен кафеав костум на модната ревија на Миу Миу. Таа го покажа својот беспрекорен изглед кратко откако јавно ги демантираше гласините за естетски операции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thylane-Lena rose (@thylaneblondeau)






Нејзиното пристигнување на ревијата дојде откако Тилан призна дека е „заситена“ од обвинувањата дека се подложила на пластична хирургија и цврсто изјави дека никогаш не го корегирала лицето. Со своите следбеници на Инстаграм сподели увид во негативните коментари што редовно ги добива.

Таа објави снимка од екранот од корисник кој ја прашува „што направила со усните?“ Таа напишала покрај објавата дека ѝ е здосадено од вакви коментари.

– Знам дека во оваа генерација луѓето имаат тенденција да прават работи многу рано, но јас никогаш не допрев ништо. Можете да ги погледнете моите фотографии кога бев помлада, ништо не се променило. Луѓето сакаат да споредуваат и да измислуваат работи, но само затоа што носам шминка или користам молив за усни не значи дека сум направила нешто на моите усни или на моето лице. Во одреден момент мора да престанеме со тоа. И искрено, уште од мои 10 години луѓето велат дека сум направила нешто на моето лице, време е тоа да престане – вели таа.

Тилан е ќерка на францускиот фудбалер Патрик Блондо и ТВ-водителката Вероник Лубри и стекна светска слава како дете, кога ја нарекоа „најубавото девојче на светот“. Имаше само три години кога беше забележана на Шанзелизе од агентот на дизајнерот Жан Пол Готје и беше испратена на модната писта.

Насловната страница за Vogue Enfants ги воодушеви читателите и ѝ ја донесе ласкавата титула, а нејзината кариера како модел вртоглаво порасна. Таа соработувала со некои од најголемите светски модни брендови, вклучувајќи ги Miu Miu, Dolce & Gabbana, L’Oréal Paris, Versace, Ralph Lauren и Hugo Boss.

Денес, Тилан живее во Париз, а покрај тоа што работи како манекенка, успешно гради и претприемачка кариера во светот на модата и убавината. Сепак, во интервју за The Telegraph во 2018 година, таа открила дека се дистанцирала од таа титула.

– Дури и денес, луѓето велат: „ти си најубавата девојка“, а јас велам: „Не, сè уште не сум, јас сум само човечко суштество, тинејџерка.
Откако стана полнолетна, манекенката го искористи своето влијание за да проговори за своите лични здравствени проблеми. Во 2021 година, таа откри дека претрпела повеќе операции поради компликации од цисти на јајниците.

Таа објасни на Инстаграм дека првата операција ја имала во 2020 година откако ѝ „експлодирала“ циста на јајниците. Три месеци подоцна, таа повторно почнала да чувствува болка, но кога побарала лекарска помош, ѝ било кажано дека болката е „во нејзината глава“.

– Морав да одам на итна помош затоа што ме болеше стомакот толку многу што не можев повеќе да издржам, а тие рекоа дека сè е во ред и дека имам мала циста и дека ќе треба да одам на преглед за 2-3 месеци. Денот потоа, имав преглед кај неверојатен доктор кој веднаш виде дека имам циста од 5 сантиметри што го допираше мојот јајник, па ме испрати на магнетна резонанца, а еден час подоцна, докторот ме повика и ме замоли веднаш да одам во болница на итна операција. Од ова искуство научив дека кога вашето тело боли, не смеете да го игнорирате и мора да се грижите за него, мора да посетувате различни лекари додека некои од нив не го пронајдат проблемот и не го излечат. Секоја болка, дури и најмалата, може да скрие нешто многу поважно – рекла таа.

Поврзани содржини