ОД МОБИЛЕН КОЛКУ АКУМУЛАТОР ДО „ТАЧ“ СИСТЕМ Ќе се отвара онлајн музеј за мобилни телефони
Музејот на мобилни телефони, кој ќе го прикажува развојот на мобилниот телефон од 1984 година, па сѐ до денес, е поддржан од мобилниот оператор „Водафон“ преку петгодишен спонзорски договор.
Новиот онлајн музеј посветен на историјата на мобилниот телефон треба да се појави во ноември и да содржи повеќе од 2.000 уникатни мобилни телефони од 200 различни производители, пренесува dpa.
Музејот на мобилни телефони, кој ќе го прикажува развојот на мобилниот телефон од 1984 година, па сѐ до денес, е поддржан од мобилниот оператор „Водафон“ преку петгодишен спонзорски договор.
Музејот е создаден од експертот за мобилни телефони Бен Вуд, кој е главен аналитичар во CCS Insight и неговиот колега ветеран во мобилната индустрија, Мет Чатрли, со цел да се создадат физички изложби за мобилни телефони во иднина, за повеќе луѓе да можат да ја видат колекцијата на телефони, пренесува Ал Џезира.
Мобилниот телефон стана дел од општественото ткиво
Во онлајн музејот, ќе бидат прикажани првите мобилни телефони, честопати големи, тешки уреди кои беа едвај преносливи, покрај најновите смартфони што се склопуваат, во кои се прикажани екрани што можат да се преклопат на половина, како и телефони со најсовремени камери.
– Собирам телефони повеќе од 25 години. Во последните три децении, мобилниот телефон стана дел од социјалното ткиво, а разновидноста на дизајни, од првите мобилни телефони до најновите паметни телефони со флексибилни екрани, е нешто што треба да се види – рече Вуд.
Кога ќе се отвори онлајн музејот, нивната желба е да бидат богат извор за учење и начин да ги инспирираат младите луѓе, да продолжат да создаваат свои неверојатни мобилни иновации во иднина.
Мобилен телефон со големина на акумулатор за автомобил
Пред повеќе од 35 години, „Водафон“ го направил својот прв мобилен телефонски повик во Обединетото Кралство преку „Водафон Транспортбл ВТ1“, телефон кој бил со големина на акумулатор за автомобил и бил уште потежок, се сеќава Макс Тејлор, директор за британските потрошувачи во компанијата.
– Овие рани уреди и сѐ што дојде подоцна, е фасцинантна приказна, не само за самата технологија и начинот на кој таа се разви, туку и за начинот на кој комуницираме – рече Тејлор.
Според него, нашите паметни телефони сега се во самиот центар на нашиот свет и ова е соодветна прослава за улогата што ја играат.
– Се надеваме дека со поддршка на уникатната музејска колекција на Бен и Мет, најсеопфатната колекција насекаде во светот, ќе можеме да им помогнеме на луѓето да се сетат на уредите што ги имаа со години и да се возбудат што сѐ можат да направат уредите за нив во иднина – заклучи Тејлор.