ОД МИНУС ДО ПРЕКУ 20 СТЕПЕНИ Сонце, магла и температури кои ќе ве изненадат
Во најголемиот дел од земјата времето ќе биде сончево со услови за магла во котлините, температурите се движат од -3 до 20 степени, а северозападниот ветер ќе остане слаб.
Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува стабилно и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 во Берово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 19 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 16 степени.
За четврток меторолозите велат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 13 степени до 20 степени.
Од УХРМ нѐ информираат дека во петок претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степен до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 20 степени.