ОД МИНУС ДО 20 СТЕПЕНИ Утрински мраз и потоа вистинска пролет, еве какво време не чека утре
Метеоролозите прогнозираат ведро и студено утро со температури под нулата, а потоа сончево и пријатно време со слаб северозападен ветер.
Метеоролозите за утре наутро најавуваат ведро и студено време, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Берово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и во Берово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 16 степени.
В петок нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 15 степени до 20 степени.
Метеоролозите за во сабота најавуваат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 19 степени.