ОД МАРТ ПО 2.000 ДЕНАРИ ПОКАЧУВАЊЕ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА Минималната плата тогаш ќе биде 20.500 денари

Треба да направиме сè што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како влада - вели Бектеши.

914

Од март годинава минималната плата би требало да биде околу 20.500 денари и поради тоа сите вработени во државната администрација ќе добијат линеарно покачување на платата од над 2.000 денари, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој додаде дека парите за ова покачување се веќе предвидени во буџетот за 2023 година.






– Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите каде, според податоците од претходната година, минималната плата во март би требало да биде околу 20.500 денари и во јавниот и приватниот сектор. Тие средства се предвидени во сите институции во буџетот за 2023 година. За да има еднаквост, треба за 2.000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација – рече Бектеши на прес-конференција.

Министерот вели дека никој не би се спротивставил на вакво зголемување на платите и ако е потребно да се донесе законско решение за тоа. најверојатно ќе биде поддржано од сите политички партии.

– Треба да направиме сè што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како влада – вели Бектеши.

Поврзани содржини