ОД МАДРИД ВО ПАРИЗ Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ?

268

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го преземе Пари Сен-Жермен ова лето, изјави колумнистот на „RMC Sport“, Даниел Риоло. Според него, францускиот фудбалски стручњак веќе се договорил со ПСЖ.

– Дали сакате да зборувам за Зидан во Париз? Добро. Последниот датум за Зизу во ПСЖ е јуни 2022 година. Не исклучувам дека ќе работи таму заедно со Мбапе – изјави Риоло.






За потсетување, Риоло беше тој кој прв го најави трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ.

Во моментов предводник на францускиот тим е Маурисио Покетино. ПСЖ е лидер во францускиот шампионат. Во осминафиналето од Лигата на шампионите парижаните ќе играат против Реал Мадрид.

Четириесет и деветгодишниот Зидан освои три титули во Лигата на шампионите во низа со Реал Мадрид пред да го напушти клубот. Во март 2019 година, тој се врати во „кралскиот клуб“ и го направи тимот повторно шампион на Шпанија следната сезона. Во мај 2021 година, Зидан го напушти Реал Мадрид.

Поврзани содржини