Од луѓето во карантин има неколку со зголемена температура, нема заболени
Ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има пораст на бројот. Целосно се мобилизирани здравствените работници, спремни се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти и во ситуација сме да го амортизираме приемот на нови болни. А новата терапија е веќе дадена кај пациенти кај кои е индицирана согласно нивното ЕКГ - вели Филипче.
Сите луѓе кои се сместени во карантински услови се прегледани, досега нема ни еден заболен, но има со зголемена телесна температура во некои објекти, но сите тестови на коронавирус се негативни, изјави денеска министерот Филипче.
Тој додаде дека во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на бројот на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално.
– Ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има пораст на бројот. Целосно се мобилизирани здравствените работници, спремни се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти и во ситуација сме да го амортизираме приемот на нови болни. А новата терапија е веќе дадена кај пациенти кај кои е индицирана согласно нивното ЕКГ. Сосема добро стручно се справуваат колегите во сите јавно здравствени институции – оцени Филипче и додаде дека не треба имаме ниту најмал сомнеж дека не се споделуваат точни бројки.
– Бројките се апсолутно точни, не може да биде поинаку, ги споделуваме со официјалните претставници на СЗО и тука простор за манипулација нема.