ОД КОЖНИ ВОЈНИЧКИ, ВО ГУМЕНИ ЛОЗАРСКИ ЧИЗМИ До неодамна воено лице, а сега само винар кој докажа дека и Прилеп може да биде Кавадарци
На светскиот вински натпревар Декантер 2023 неговиот Вранец Барик освои сребрен медал, а Гоце Станоески ја постигна целта – да го побие стереотипот дека Прилеп е само тутунски регион. Неговата следна цел е да поттикне и други негови сограѓани да навлезат посериозно во правењето вино, а потоа да формираат и здружение по угледот на малите семејни тиквешки винарии. Неговата „Сарика“ е првата, а откако Гоце потегнал нога, во Прилеп се регистрирани уште три мали семејни винарии
Војничката упорност поради која прилепчанецот Гоце Станоески, во гумените лозарски чизми е исто толку стабилен и сигурен како што бил и во војничките кои ги носел од 1995-та, сигурни сме, ќе го доведе до остварување на сите негови соништа, особено оние поврзани со „Сарика“, винаријата која е сега веќе позната, препознатлива и успешна дома, но и надвор од границите на Македонија.
Имено, на светскиот вински натпревар Декантер 2023 виното Вранец Барик 2020 на винаријата Сарика освои сребрен медал, а Гоце Станоески ја постигна својата цел – да го побие стереотипот дека Прилеп е само тутунски регион и да покаже дека прилепското поднебје може да даде добар резултат и кога станува збор за вино. Следната негова цел е да поттикне и други сограѓани да навлезат посериозно во производстото на вино и да формираат здружение на мали семејни винарии од прилепскиот регион, по урнекот на тиквешкото.
Со оглед на тоа што од минатиот месец е веќе млад пензионер, во рана воена, но заслужена пензија, ќе може целосно да се посвети на својата најголема љубов и страст и да ги оствари сите свои винарски сништа, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на производство на органски, а потоа и на биодинамични вина.
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.