Од ковид почина стогодишникот кој собра милиони за борба против коронавирусот

471

Стогодишниот Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој собра 39 милиони фунти за борба против коронавирусот, почина откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирус.

„Со голема тага објавуваме дека почина нашиот драг татко, капетанот сер Том Мур. Ние сме многу благодарни што бевме со него во последните часови од неговиот живот“, објавиле неговите ќерки Хана и Луси, пишува „Гардијан“.






– Со часови разговаравме со него, сеќавајќи се на нашето детство и нашата прекрасна мајка. Делевме смеа и солзи. Тој беше неверојатен татко и дедо и ќе остане жив во нашите срца засекогаш – рекле тие.

Мур беше примен во болницата Бедфорд во неделата откако подолго време се лекувал од пневмонија и минатата недела беше позитивен на тестот за ковид-19.

Во изјавата објавена на неговиот профил на Твитер истиот ден, неговото семејство рече дека тој се лекувал дома до неделата кога му имал потреба од дополнителна помош во дишењето.

Портпаролот на семејството на Мур претходно за Би-би-си изјави дека Мур не примил вакцина против коронавирусот поради лекови што ги земал против воспалението на белите дробови.

 

 

Поврзани содржини