Од ковид-19 во САД следниот месец може да умрат уште 20.000 лица
Неговата проценка се темели на моменталниот број на заболени во САД, пренесува Си-Ен-Ен
Поранешниот директор на американските Центри за контрола и превенција на болестите „ЦДЦ“, Том Ерден, денеска изјави дека мисли дека во следниот месец од ковид-19 во земјата може да умрат уште 20.000 лица.
Неговата проценка се темели на моменталниот број на заболени во САД, пренесува Си-Ен-Ен.
Џенифер Низо, епидемиолог од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ изјави дека „луѓето мислат дека се извлековме“, но всушност, како што кажуваат „стиснаа на пауза, а сега повторно пуштаме музика и не знаеме која е следната песна“.