Од ковид-19 починати 21 лице, дури 11 од Тетово, 444 новозаболени
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91161, бројката на оздравени пациенти е 79621, на починати е 2812, а бројот на активни случаи изнесува 8728.
Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти и починати се 21 лице. Од новозаболените во Скопје се 209, Куманово 26, Тетово 13, Прилеп 5, Гостивар 12, Штип 8, Битола 8, Велес 26, Охрид 26, Струмица 8, Кавадарци 32, Струга 11, Кичево 10, Свети Николе 1, Гевгелија 3, Ресен 1, Крива Паланка 3, Радовиш 5, Делчево 16, Пробиштип 3, Виница 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Богданци 2, Кратово 3, Демир Капија 6 и Пехчево 1.